Всисување на суви материјали
- Пред суво всисување, проверете дали филтерот, садот и додатоците за всисување се суви. На влажните делови може да се насобере прашина и да се стврдне.
Се препорачува користење на платнена филтер вреќичка (20).
Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика J)
- Мора да постои доволен степен на проток на воздух во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа во просторијата. Внимавајте на односните прописи во земјата.
Во всисувачот има вградено приклучница за електрични алати (6). Може да поврзете надворешен електричен алат на оваа приклучница. Внимавајте на максимално дозволеното приклучено оптоварување на електричниот алат што се приклучува.
Поврзете ја млазницата за всисување на електричниот алат и цревото за всисување (23) директно или преку адаптерот за всисување (27).
Напомена при употреба на адаптерот за всисување: при работење со електрични алати, чијшто довод на воздух до цревото за всисување е мал, мора да се отвори издувниот отвор (34) на адаптерот за всисување (27). Со тоа се подобрува целокупниот капацитет на всисувачот и на електричниот алат. Притоа, свртете го прстенот над издувниот отвор (34), додека не се појави максимален отвор.
Со старт/стоп автоматиката може автоматски да го вклучувате и исклучувате всисувачот со електричниот алат:
- За вклучување на старт/стоп автоматиката притиснете го прекинувачот за избор на режимот на работа (4) во позиција 1+.
- За вклучување на всисувачот вклучете го поврзаниот електричен алат. Всисувачот стартува автоматски.
- Откако ќе го вклучите електричниот алат, проверете дали е започнато всисувањето.
- За исклучување на всисувачот исклучете го електричниот алат. Старт/стоп автоматиката продолжува да работи неколку секунди потоа за да ја извлече преостанатата прашина од цревото за всисување.
- За исклучување на всисувачот притиснете го прекинувачот за избор на режимот на работа (4) во позиција 0.
Полуавтоматско чистење на филтерот
Подоцна кога јачината на всисување повеќе не е доволна, треба да го исчистите филтерот.
Колку често треба да се чисти филтерот зависи од видот и количината на правта. Со редовна употреба, максималниот капацитет подолго се задржува.
Вклучете го всисувачот (прекинувачот за избор на режимот на работа (4) во позиција 1).
За оптимални резултати од чистењето, затворете го отворот на млазницата или цревото за всисување со дланката.
Притиснете го копчето за полуавтоматско чистење филтер (11) најмалку 5× пати по ред. Филтерот се чисти со силен воздушен проток.