Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на всисувачот.
- Информирајте се за важечките одредби/закони во Вашата земја во однос на постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето.
Всисувачот може да се користи за всисување и издувување на следните материјали:
- Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m3
Во основа, всисувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.
За да се загарантира оптимален капацитет на всисување мора секогаш целосно да го одвиткувате цревото за всисување (23) од горниот дел на всисувачот (12).
Вклучување/исклучување
За вклучување на всисувачот, притиснете го прекинувачот за избор на режимот на работа (4) во позиција 1.
За вклучување на старт/стоп автоматиката притиснете го прекинувачот за избор на режимот на работа (4) во позиција 1+. Всисувачот може автоматски да стартува кога е поврзан со електричен алат преку приклучницата (6).
За исклучување на всисувачот, притиснете го прекинувачот за избор на режимот на работа (4) во позиција 0.