Одржување и чистење

Проверете го мерниот уред пред секоја употреба. При видливи оштетувања или олабавени делови во внатрешноста на мерниот уред, безбедното функционирање не е повеќе загарантирано.

Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во соодветен сад или во оригиналното пакување.

Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот алат во оригиналното пакување.

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.

Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со сува, мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Оставете ги врвовите на сондата (3) да се исушат пред да го користите мерниот уред.

Ако врвовите за мерење (3) се истрошени или многу валкани, контактирајте со овластена сервисна служба на Bosch.

Не лепете налепници околу врвовите за мерење.

Сензорот за влажност и температура (4) може да го исчистите со мека четка.

Сензорот за влажност на воздухот е во принцип чувствителен на растворувачи, лепила и пластификатори. Постојаното влијание на таквите супстанции може да доведе до отстапувања во измерената влажност на воздухот.

Не го чувајте мерниот уред во пластично ќесе бидејќи испарувањата може да го оштетат сензорот за влажност на воздухот и сензорот за температура (4). Не лепете налепници во близина на сензорот на мерниот уред.

Не го складирајте мерниот уред подолг период надвор од границите на влажност на воздухот од 30 до 50 %. Доколку мерниот уред се складира на превлажно или пресуво место, може да доведе до погрешни мерења.