Приказ на состојбата на наполнетост

Приказот за наполнетост (d) на екранот ја покажува состојбата на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет (13) или на батериите:

Приказ

Капацитет

80−100 %

60−80 %

40−60 %

15−40 %

< 15 %

Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите се слаби , се појавува <Слаба батерија> на жолтата статусна лента (e) неколку секунди.

Ако состојбата на наполнетост стане критична , се појавува <Батеријата е при крај> на црвената статусна лента (e) неколку секунди. Потоа приказот за слаба наполнетост на батеријата (d) ќе се прикаже во црвена боја. Мерниот уред може да работи најмногу 15 минути.

Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите се празни, се појавува <Батеријата е празна> на екранот неколку секунди, по што мерниот уред се исклучува.